Во Велес отворена самостојна изложба на Љубинка Манчевска Буба

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена седмата самостојна ликовна изложба на академскиот уметник од Велес, Љубинка Манчевска-Буба.

На изложбата насловена „Пејсажни варијации“ со која авторката го заокружува својот 30-годишен творечки јубилеј се претставени 39 слики, масло на платно и акрил на платно.

Ликовниот критичар Конча Пиркоска за творештвот на Манчевска ќе појасни дека сликарката која во нејзиното творештво минала низ различни стилски фази, тргнувајќи од реалистичката, преку асоцијативно-експресионистичката, апстрактната. Овие нејзини најнови дела од овој цисклус се дела со асоцијативен апстрактен пејсаж на земјата и небото, со доминантен машко-женски принцип, односно принципот на јинг и јанг.

– Манчевска со своите пејсажи ја постигнува својата цел, има огромен скок од она што претходно го работела и сега, потенцира Пиркоска.

Новинарката Сутка Оцедова за творештвото на Манчевска вели дека сликарката во опусот на новите апстрахирани пејсажи стигнува до широки платформи, не преземајќи го ризикот на минуциозноста, одново гори.

-Тоа се црвените платформи произведени со најголеми четки, тоа се одново небесните сини стојалишта и можното нивно помирување. Сликарката го објави новиот поход кон досегашните ликовно-естетски креации кои не ја заситија гладта за одговори, потенцира Оцедова.

Уметницата Манчевска за своите најнови дела вели го насликала целиот свет.

– Тука се сите континенти, тука е небото и земјата со Сонцето и ѕвездите кој може да ги види. Јс сум пресреќна што ги чувствувам, се надевам дека и другите го гладаат тоа на моите слики и преку нив ќе го почувствуваат тоа што го чувствувам јас, вели Манчевска.

Инаку, изложбата е дел од културната манифестација „Велес-Град на културата 2015“ на Министерството за култура и Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он