Во Велес отворена ликовна изложба на младиот уметник Јаневски

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена самостојна изложба на 25 годишниот ликовен уметник од Велес, Антонио Јаневски насловена „Трезвеност до Возвишеното“, со поддршка од Министерството за култура.

Јаневски  појасни дека на изложбата се претставени шест слики изработени во  масло на платно, со димензии 3 метри на 1 метар и 80 сантиметри, како и неколку помали слики, инспирирани од природата која од реална на пооделни детали се апстрахираат и добиваат друга димензија.

– Заситен од ограниченста на својот род, разочаран од немоќноста да допре до повисока форма на битисување, тој тргна да го искусува светот, да бара причина за своето постоење,да биде нем сведок на случувањата на природата, затоа што само природата се случува без потреба за дообјаснување и толкување. И,затоа што природата е ги препознава човековите вредности и норми,човекот стои така,во чинот на созерцување заборава на сите желби и копнежи што го водат неговиот немир појаснува за своите дела Јаневски.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“