Во Велес изложба на фотографии насловена „ЗАЕДНО“

Од:

Во Ликовниот салон во Велес премиерно беше отворена изложба на фотографии насловена „ЗАЕДНО“ на Фотокино клуб – Битола и Фото група „Чкрап!“ од Тетово. На изложбата се претставија  13 фотографи со вкупно 45 фотографии.

Целта на оваа изложба е да се раздвижат фотографската сцена во Македонија и на љубителите на уметноста да им се подари пријатно визуелно искуство.

Темата на сите фотографии е различна. Драги Неделчевски од Тетово  појаснува дека фотографијата зборува со универзален јазик и дека сите фотографи присутни на изложбата со свои фотографии на свој начин кажуваат нешто за себе, за своите преокупации и интереси и за светот околу нив, оставајќи личен печат.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон