Во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечерва ќе се одигра комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети.
Станува збор за приказна за младата и убава Рита, која е вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток.
Режијата на операта е на Трајко Јордановски, а диригент е Андреј Наунов. Настапуваат солистите Полина Тасева, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.
Настанот е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“, а овој месец треба да одржи уште и час по фолклор, на кој ќе предава познатиот фолклорист од Струмица, Иван Котев. Најавено е и одржување на концерт „Класика за Струмица“, изложба и завршување на активностите по повод месецот на книгата „Библиотекарите во посета на основните училишта“, која се спроведува од 1 до 30 ноември.