Во Струмица отворена изложбата „И децата се прашуваат“

Од:

Во Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложбата „И децата се прашуваат“ во организација на Центарот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Станува збор за ликовни творби кои ги доставиле учениците од основните училишта. Раководителката на Центарот, Светлана Мазгалова Вучетиќ вели дека со ова завршуваат одбележувањата на Неделата на детето.

– Нашите активности почнаа со цртање на асфалт и со приемот на првачињата. Ги заокружуваме со оваа изложба. На конкурсот кој го објавивме, баравме не само ликовни, туку и литературни творби. Мотото на годинешниот конкурс беше „И децата се прашуваат“. Тие токму низ сликите и низ литературните творби донесоа одговори и креативни решенија. Конкурсот има и награден фонд, за најдобрите ликовни односно литературни дела, објасни Вучетиќ.

Според неа, за најдобрите одлучувале тимови на професори познати и истакнати познавачи во секоја област. Центарот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ во рамки на своите активности организира повеќе активности со цел на активирање и поголема ангажираност на младите во општествените живеења, преку нивна креативна изразност во повеќето видови уметност.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“