Во Штип промовирана книгата „Автобиографија“ од Марија Димкова

Од:

Книгата „Автобиографија“ на Марија Димкова беше промовирана во Мултимедијалниот центар на општина Штип.

Родена во селото Горно Пожарско во Егејска Македонија, Марија Димкова во својата автобиографија го опишува животниот пат, чувствата за својот роден крај. Таа имала три години кога заедно со родителите морале да се иселат.

Страдањата на децата бегалци и на нивните родители, сиромаштијата, но и како се населуваат во Штип за што сведочат и фотографиите од изградбата на фабричкиот оџак на поранешниот комбинат „Македонка“, во кој учествувал и таткото на Марија Димкова, се дел од нејзината автобиографија. Таа истакна дека неколку пати во годината го посетува својот роден крај.

– Петнаесет години се селевме, од Пожарско кога сме иселени да дојдeме во Битола во 1960 година. Тоа беа пеколни години, истакна Димкова.

Добрила Грашевска, уредник на нејзината книга, рече дека станува збор за дело за кое може да се рече оти е романсирана автобиографија. Но, покрај тоа што е исполнета со емоции во неа има и историски факти и фотографии кои сведочат дека во Егејска Македонија на почетокот на 20 тиот век децата учеле на македонски јазик, а на надгробните плочи имињата се испишани со кириличното писмо.

– Тоа е дело кое изобилува со историски факти и кое што изобилува дури и со факти што до ден денес не се објавени во таков вид. Тоа мислам дека е еден многу храбар потег кој што го направивме и за кој што мислам дека книжевната и историската јавност ќе биде доволно аналитична да го провери тоа и да го потврди како такво, посочи Грашевска.

Кирил Барбареев, рецензент на „Автобиографија“ од Марија Димкова, вели дека оваа книга покрај тоа што ќе ја прочитаат повозрасните генерации може да се препорача и на студентите на Педагошките факултите.

Сопругот на Марија Димкова, Стојан, кој е еден од иницијаторите за доставување на околу 5.000 тужби од Македонците од Егејска Македонија до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур за враќање на имотите рече дека веќе 10 години ја чекаат одлуката.

Доколку Меѓународниот суд за човекови права одлучи во нивна корист се очекува Грција да исплати отштета од 10 милјарди евра на Македонците, а се надеваат дека и новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе се заложи за побрзо решавање на овој проблем.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации