Во Пехчево одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Од:

Со подароци од книга и цвет на читателите, пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

Во рамките на одбележувањето беа доделени награди и на соработниците и на учениците кои учествуваа на конкурси во пишување поезија и млади библиотекари.

Библиотекарката Габриела Костадиновска истакна дека пехчевската јавна библиотека има околу 300 читатели и додаде оти изборот да се одберат најверните чиататели бил тежок.

– Оваа година доделивме цвеќе и книга на најверните читатели и тоа ги поделивме во две категории, читатели рекордери и најчитатели рекордери за 2016, при што доделивме 31 награда. Наградени беа и ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар за млади библиотекари. Доделени беа благодарници на ученици кои учествуваа на креативната работилница за пишување поезија, награди, книга и цвет добија и соработници на библиотеката, рече Костадиновска.

Таа истакна дека овој настан го организираат со цел да го свртат вниманието на книгата, авторите и да укажат колку се тие значајни во градењето на една личност.

На одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април беше прочитана и пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и пораката од филозофот и поет Иван Џепаровски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово