Во Охрид утре започнува манифестацијата „Прличеви беседи“

Од:

Во Охрид утре започнуваат дводневните свечености во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува 122-годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник.

Манифестацијата се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид, заедно со националната установа „Завод и музеј“, како и Градската библиотека, Центарот за култура и Основното училиште од Охрид што го носат името на ловроносецот Григор Прличев.

Свеченостите во библиотеката со почеток од 11 со промоцијата на це-де изданието во аудио-форма за животот на Григор Прличев по објавување на поемата „Сердарот“. Веднаш потоа во Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на фотографии од колекцијата на институцијата, а точно напладне е свечената академија, посветена на наградената поема за 2014 година – „Амбар“ на авторот Славе Банар.

Попладнето во 18:30 часот учениците од Подрачното училиште „Григор Прличев“ во населбата Рача ќе одржат свечена приредба.

Свеченостите продолжуваат во петок со полагање цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, по што во 11 часот ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Прличев. Точно напладне во спомен-куќата на Прличев ќе се одржи културно-уметничка програма, а во 13 часот во Градската библиотека ќе се традиционалните беседа и охридската визита.

Годинешните случувања посветени на ловороносецот завршуваат попладнето во Центарот за култура со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и свечената приредба по повод патрониот празник.

Инаку по повод 155-годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“ Општина Охрид во соработка со општинските основни училишта во текот на месец март годинава ќе организира рецитаторски натпревар на кој ќе бидат презентираат творби од творечкиот опус на Григор Прличев и творби на автори кои пишувале за неговото дело. На 25 идниот месец градоначалникот Никола Бакрачески на најдобриот рецитатор ќе му додели ловоров венец.

Манифестацијата „Приличеви беседи“ беше востановена пред речиси шест децении, како сеќавање на ликот и делото на најголемиот македонски предодбеник и поет од 19 век.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on