Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва од 20 часот ќе се одржи концертна промоција на „A Disc Jockeys’s Crisis of Conscience” од гитаристот Филип Букршлиев.
Како што соопштија од МКЦ, Букршлиев последниве години редовно издава албуми и е дел од неколку џез-состави.
-Публиката го запозна преку инди/метал/кросовер/џез-авантурите на неговиот состав „Fighting Windmills“. За PMG Jazz има и соло гитарско издание минатата година. Триото е прва негова композиторска инкарнација во оваа форма, заедно со Андреа Мирческа на контрабас и тапанарот Славчо Коцев, посочија од МКЦ.
Настанот ќе биде организиран согласно протоколот за организирање настани во затворен простор.