Во МАНУ предавање „Уметноста и математиката“ на Седрик Вилани

Од:

Францускиот математичар Седрик Вилани денеска ќе одржи предавање на тема „Уметноста и математиката“ во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Вилани е член на Француската академија на науките и уметностите, професор на Универзитетот во Лион, директор на Институтот Анри Поенкаре и добитник на престижната награда Филдс во 2010 година.

Предавањето на Вилани го организираат Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција на франкофонијата и МАНУ.
Вилани е роден е во 1973 година во Брив Ла Гајард, а студиите ги завршил на високата универзитетска школи École Normale Superieure во Париз. Денес, тој е професор на Универзитетот Лион 1, каде што држи предавања и истражува.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата „Луј Арман“ во 2001 година, „Пеко-Вимон“ во 2003 година, наградата за најдобар предавач од Меѓународниот конгрес на математичарите во 2006 година, наградата „Жак Ебран“ во 2007 година и Филдсовиот медал, најпрестижната награда во математиката.

Член е на уредувачкиот одбор на Inventiones Mathematicae, на Списанието на функционална анализа, Весникот на математичка физика и Весникот на статистички физика.
Негови главни теми на истражување се кинетичката теорија и оптимален транспорт и негова примена, област во која тој напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, некогаш и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на дела: „Жива теорема“ (2013) и на „Куќата на математиката“ (2014).

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија