На сцената на Националната установа Центар за култура во Крива Паланка синоќа беше изведена камерната опера „Бастиен и Бастиена” во режија на Љупка Јакимовска.
Диригентската палка и музиката на пијано во претставата се на Иван Еминовиќ, улогата на Бастиена ја толкува Биљана Јосифов, а во улогата на Бастиен се појавува Јане Дунимаглоски. Колас го глуми Борко Биџоски.
-Операта беше претставена пред кривопаланечката публика благодарение на добрата соработка со реномирани уметници од Македонската опера и балет, во рамки на проектот на нашата установа, дел од годишната програма за 2021. Со овој настан беше заокружена годинашната реколта на Центарот за култура Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура, изјави директорката на НУЦК Центар за култура Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Кривопаланчани уживаа во одличната камерна опера на Волфганг Амадеус Моцарт, што ги претставува несекојдневните преживеалци на вљубените Бастиен и Бастиена, водени од мудриот магионичарот Колас.