Во Крива Паланка изложба од 4-ти Меѓународен конкурс за карикатура

Од:

Изложбата од сто најдобри дела пристигнати на последниот Меѓународен конкурс за карикатура на тема „Пред (бракот) и потоа“ денес беше отворена во изложбениот простор на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

Конкурсот е авторски проект на Стојанче Величковски, а се организира како дополнување на манифестацијата „Невестинско поклонение на св.Теодор Тирон“ во село Конопница.

На отворањето присуствуваа амбасадорот на Шпанија во РМ, Емилио Лоренцо Сера, постојанито престтавник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Тодорче Тасевски, претставник од кабинетот на министерот за култура на РМ, претставници од амбасадата на Романија во Македонија, градоначалниците на Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане, претседателките на општинските совети на Крива Паланка и Куманово, бројни гости од јавниот и кулутрен живот во градот.

-Со длабок наклон пред сите вас се заблагодарувам на укажаната чест, идејата која ја имав во 2013 година, да направам проект кој ќе ја надополни кулутрната понуда во мојот град, да биде презентирана по четврти пат со вака квалиетни дела од автори од сиет светски меридијани. Во постановката од сто дела пред вас се авторски трудови на карикатуристи од 40 земји, кои се одзваа да творат на конкурсот со уникатна тема во светски рамки- Односот снаа-свекрва, со што сме препознатливи во светот и афирмирани, како град – дел од мапата на овој вид уметност, а уметноста не познава граници, рече Величковски.

Низ призмата на еминентни карикатуристи од сите меридијани , досега овој конкурс собрал над 2000 дела од над петстотини автори кои инспирирани од специфичноста на тематиката не штедат ниту креативност, ниту средства, па секоја година ја збогатуваат збирката.

-Конкурсот е со уникатна тема и привлече интерес кај бројни светски карикатуристи во краток период. Чест е да се има ваков конкурс , на кој само годинава пристигнаа над 400 дела од 120 автори од 40 држави.Присуството на толку голем број претставници од дипломатскиот кор во државата, од министерствата, големата посетеност на настанот е најголема сатисфакција и потврда на големито успех. Ние како општина ќе го поддржуваме настанот и овој кулутурен бренд, но се надевам дека и останатите субјекти од овој сектор ќе го поддржат и ќе го промовираме не само градот, туку и државата, рече во обраќањето градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо МИцевски, кој ја прогласи изложбата за отворена.

Првата награда, златен медал и трофеј „Невестулка“ му припадна на Дариуш Дабовски од Полска, второнаграден е Валентин Георгиев од Република Бугарија, а третата награда му припадна на Али Шафеи од Иран. Плакета за најдобра колекција освои Олег Гутсол од Украина.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи