Во Крива Паланка изложба на фотографии од чехот Гарик Аванасеиан

Од:

Во  Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии на чешкиот фотограф Гарик Аванесиан.

На изложбата ќе бидат претставени 70 дела од овој истакнат чешки фотограф.

– Изложбата е резултат на добрата соработка која нашата установа ја има со фото-кино клубот  Куманово, при што во изминатите неколку години беа органзирани изложби на значајни светски фотографи токму во нашиот град, информира Драган Величковски, директор на ЛУ Градкси музеј , Крива Паланка.

Според Величковски, делата биле изработени во изминатите десетина години, и опфаќаат различни теми и опуси, како што се лица, протрети, социјални теми, живот и актови.

Гарик Аванесиан е роден 1959 година во Баку, Казакстан. Живеел во Казакстан, Работел во Москсва, а од 1995 година живее и работи во Прага.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“