Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од:

Во Корча, Албанија в сабота ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, во организизација на Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

Станува збор за завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.

-Настанот го организираме по повод 8 Септември – Денот на независноста на нашата матична земја, Македонија. На овој посебен и значаен настан ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани, изјавија за МИА од друштвото „Сонце“.

Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски.

Настанот ќе се одржи на 7 септември, во Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот.

Покрај Македонците од овој крај и пошироко, се очекува присуство на поголем број гости од институциите на округот Корча, како и од локалната власт на општина Пустец.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ