Во Кочани одбележан Денот на книгата и авторското право

Од:

Во јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани денеска беш одбележан Денот на книгата и авторското право – 23 Април. Пред присутните читатели и членови, библиотекаритре Илија Захариев и Магдалена Кочовска Салтирова ги прочитаа пораките за годинешното празнување:Светската порака од Ирена Бокова, од Унеско, како и Македонската порака од Иван Џепаровски.

Беа проглсени и најдобрите читатели за минатата година по категории.Во категоријата деца и младинци најуспешен читател беше пригласена Сандра Костадинова со 68 прочитани книги додека во категоријата за возрасни наградата и припадна на Наталија Тодосиева со прочитани 176 книги.

Во рамки на одбележувањето на Денот на книгата и авторското право, беше промовирана книгата „50 години литературен клуб Копнеж“ во која се содржани творби на 54 автори на овој клуб од сите генерации. Промотор на книгата беше Ленче Стоименова, роднокраен автор.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“