Во Кинотеката на Македонија денеска продолжува специјалната програма „Кино Будење“, со проекција на филмот „Тајни и Лаги“ драма од 1996 година на англискиот режисер Мајк Ли.
Филмот има добиено 35 награди и 23 номинации на филмските фестивали во светот, меѓу кои Златна палма на Канскиот филмски фестивал, БАФТА за најдобра главна женска улога, Златен Глобус за најдобра женска улога и пет номинации за Оскар Гостин пред филмот ќе биде Бубо Каров К-15.
Кино Будење ќе трае до крајот на март, а следните проекции се закажани на 23 март „Секс, лаги и видеоленти“, американска драма од 1989 година, и 30 март „Во зенитот на сонцето“ 1960 година, француски трилер.