Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска се одржа презентација на новиот систем за аплицирање за проекти во Министерството за култура за 2022 година.
Преку видео презентација од страна на стручен тим од Министерството, на присутните во салата им беше презентиран новиот систем за аплицирање.
-Денешната презентација се однесуваше за сите уметници(физички лица) како и културно уметнички здруженија кои делуваат на територијата на нашата општина. Презентацијата ја изведе стручен тим од Министерството за култура на РСМ, кои се погрижија на заинтересираните поединци и правни лица во целост да им го презентираат новиот систем за аплицирање проекти.Инаку и овој настан се одржа по строго одредени протоколи за одржување на вак вид настани,истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.