Во Кавадарци изложба на икони од Соња и Златко Лечковски

Од:

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на икони од авторите Соња и Златко Лечковски, ликовни уметници и зографи.

Говорејќи за нивниот живот и дело, актерот Акександар Малинков посочи дека станува збор за мошне интересна изложба, која е во рамки на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен”.

– Темата е православни христијански икони. Станува збор за квалитетни и вредни автори кои сликаат икони и јас се надевам дека и во наредните денови оваа изложба ќе биде посетена, додаде Малинков.

Пред присутните, меѓу кои и свештени лица ид МПЦ- ОА, се обрати и ликовниот уметник и зограф Горан Боев, кој изрази задоволството што е дел од оваа несекојдневната изложба.

– Ова сликарство покрај ликовната димензија има и нешто многу поважно во него, а тоа е духовната димензија. Иконата претставува одраз на светот кој ние со нашето материјално око не можеме да го видиме, рече Боев.

Интересот за уметноста и живописувањето кај нив се јавил уште во најраните години. Во Битола и се придружиле на групата млади уметници во ателјето при храмот на Пресвета Богородица, кај двајцата еминентни живописци Ристо Димовски и Никола Крнчев, чие творење е под влијание на русинот Иван Мелников. Досега неколкупати самостојно имаат изложувано во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, како и учествувано на многубројни групни изложби. Нивни дела освен во Македонија, можат да се видат низ европските земји, како и во Австралија и Америка.

Живеат и создаваат во Битола, а во моментов го изработуваат живописот во неколку помали локални цркви во Битолско.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“