Во Кавадарци изложба на фотографии од уметничкиот фотограф Ахмети од Албанија

Од:

Во рамки на манифестацијата Топол културен бран која ја организира Министерството за култура на Република Македонија, синоќа во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии на уметничкиот фотограф Саимир Ахмети од Тирана, соседна Албанија.

– Оваа манифестација се организира во соработка со градоначалникот на Кавадарци и општинскиот совет. Мило ми е што во нејзини рамки можеме да ги погледнеме овие прекрасни фотографии, рече Владимир Темков, директор на домот на културата „Иван Мазов Климе”, каде е поставена изложбата.

Ахмети говорејќи за културолошките и социолошки аспекти на изложбата, нагласи дека е ова добра прилика луѓето од двете држави подобро да се запознаат.

– Уметноста е еден од мостовите кој ги зближува луѓето и затоа е неопходно и во иднина преку уметноста заеднички да соработуваме, истакна тој.

Во рамки на културната вечер две поетеси од клубот на писатели „Тиквешки цветови” од Кавадарци, Надица Тренчева и Цветанка Колева, прочитаа свои стихови.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа