Во Кавадарци изложба „Македонски вински пејсажи”

Од:

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци беше отворена изложба на познатиот австриски ликовен уметник Бернхард Холеман, со наслов „Македонски вински пејсажи“.

Директорот на Домот на културата Владимир Темков, подвлече дека Кавадарци има чест што е домаќин на изложба на овој австриски уметник.

– Со задоволство на кавадаречката културна јавност,  ги нудиме делата на големиоит уметник кои се инспирирал токму од лозарството и винарството, рече Темков.

Цветанка Митрова од Музејот во Демир Капија, говорејќи за творештвотро на Холеман, нагласи дека делата на авторот слободно можеме да кажеме оти му припаѓаат на поднебјето на Кавадарци и на целиот Тиквешки регион, бидејќи многу е блиска врската неѓу него и Тиквешијата во овој циклус на слики .

– И тој како и ние разбравме дека  основната димензија во човековото постоење е сонцето и животот што од него зрачи.Овој јужен крај од Македонија е инспирација која го исполнува Бернхард Холеман за да ги создаде делата кои се преплавени од радост и позитивна енергија родена од вечниот извор на македонското сонце, истакна таа.

Климе Коробар, кој исто така говореше на отварањето на изложбата, меѓу другото рече дека виното е свет пијалок и токму тоа нашло инспирација кај сликарот.

Изложбата „Македонски вински пејсажи“ е организирана по повод 80 годишниот роденден на авторот кој е роден во Германија. Таа е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2015“.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“