Во Гостивар промовирана збирката раскази „Чист херион“ на Дејан Крстески

Од:

Најновото дело на Дејан Крстески, збирката раскази „Чист херион“ синоќа беше претставено пред гостварската публика. Во уметничката галерија „Култ“ во Гостивар љубителите на пишаниот збор имаа можност да се запознаат со авторот и неговото последено книжевно дело. Збирката неодамна излезе од печат како издание на ПНВ Публикации.

Во делото се претставени ирационалните, инаетливите, пркосните, осамените, а највеќе маргинализираните, несфатените, неправедно осудените и озборуваните.

Дејан Крстески е добитник на повеќе литературни награди и признанија, меѓу кои наградата за една од најчитаните книги во 2017 година од страна на Македоника и УНЕСКО за книгата „Луѓе без лице“. Песната „Последната книга“ беше избрана за една од најуспешните творби по повод „Ден на читателот“ од страна на НУБ „Св. Климент Охридски“ – 2017. зг

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон