Во галерија „КО-РА“отворена изложбата фотографии на Драги Неделчевски, познат и наградуван фотограф од Тетово

Од:

Во Галерија „КО-РА“ – голем салон во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, вчера вечер беше отворена изложбата на познатиот и наградуван фотограф Драги Неделчевски од Тетово.

По повод оваа самостојна изложба која е воедно и специфичен истражувачки проект на Драги Неделчевски насловен „Дијагноза“ кој е воедно и од хуманитарен карактер, говореа познатиот уметник графичар Зоран Бошковски, м-р Игор Поп Трајков, Драги Неделчевски, автор на изложбата и Виолета Калиќ историчар на уметнста и стручен соработник за визуелни уметности,дизајн и архитектура кои го истакнаа значењето на оваа специфична тематика и улогата и моќта на фотографијата.

„Како се поприсатен медиум во сите сфери на науката, со своите високо софистицирани дострели, и присатна е и во современата медицина, а застапена е се повеќе како современ медиум и во уметноста. Ова изложба е едно моќно и впечатливо, сурово реално и сугестивно, драматично, соочување со една специфична тематика за која се одважил авоторт да проговори преку фотографијата како најнепосреден медиум, кој ја има таа моќ да ја долови најнепосредно специфичноста на оваа тематика и не само од докумнетарен аспект. Тој не соочува со граничните искушениа со кои се соочува човековото кревко и трошно битие изложено на разнородни малформации, со текот на времето кое е за сите нас лимитирано и ограничено, од самото раѓање, еродира, на патот кон својата конечност како неминовност… Изложбата која ќе ја паметиме како едно впечатливо и автентично соочување со реалитеот, посочува едновремено повеќе аспекти, не само порив за осознавање на непознатото, кое често ни изгледа толку далечно, и речиси нестварно или порив за емпатија. На миг не соочува со трошноста на материјата која еродира, и се преобразува во својата појавна форма, и ја посочува и неминовноста да се соочиме и со конечноста, минливоста, специфична како за универзумот така и за човековото времено ограничено битисување.

Со своите дела Неделчевски ја потцртува моќта на монохромноста која е речиси драматично вшечатлива со сиот растер на расположиви контрасти. Тие се силно сугестивни, деперсонализирани, и побудуваат едновремено едно рационално, а сепак експресивно, и драматично моќно, сурово реално сооочување и соживување со реалитетот на искушенијата, гранично, радикално, речиси брутално, кои се предизвик за човековиот дух, кој се надвива секогаш неприкосновено со својата моќ , оставајќи ја трагата зад себе, која не дефинира како суштества, кои се често изложени и на посилни и посложени страдања во сферата на невидливото, непојавното, во сферата на психата, која е вечна непознаница, окомплексна и недоразоткриена, особено специфична, многуслојна, како сложен и многуслоен лавиринт, на непозната и недоразоткриена стратигарфија и за научниците, како со една голема и никогаш до крај неразоткриена енигма“, истакна Виолета Калиќ во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“