Во Драмски театар Скопје праизведбата на претставата „Птица со главата меѓу нозе“

Од:

Во Драмски театар Скопје вечерва ќе се одигра праизведбата на претставата „Птица со главата меѓу нозе“, чиј текст и режија се на Коле Ангеловски, кој со оваа претстава ја одбележува неговата 60 годишна творечка активност.

Овој театар, вчера гостуваше во Сараево на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“, во режија на Дејан Пројковски.

-НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер. Претставата „Кармен“, за која Биљана Драгиќевиќ – Пројковска доби награда за најдобар актер на Фестивалот на монодрамата во Битола 2021 година, беше поздравена со овации и огромно задоволство кај гледачите, што претставува уште еден доказ за големиот успех на оваа монодрама и вон нашата земја, информираат од Драмски театар.

Во меѓувреме, на сцената на НУ Драмски театар Скопје продолжуваат активностите за подготовка на нови проекти кои треба да се реализираат во периодот што следи.

Освен тоа, веќе дваесет и пет дена течат пробите за претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во режија на Зоја Бузалковска, чија премиера е планирана за крајот на месец декември 2021 година.

-Во подготовка ни е Монографијата по повод 75 години НУ Драмски театар Скопје, информираат од Драмски театар.

Би можело да ве интересира

Драмски театар гостува на фестивалот РУТА во Тиват

Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар Скопје

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он