Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Со доделување на фестивалските признанија и награди, вечер во Битола завршува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во големата сала на битолскиот Центар на култура, жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо Попов од Северна Македонија, ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, како и награда мала „Камера 300“ за кинематограферите кои конкурираа за престижните награди.

ИФФК „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, кинематограферите се во центарот на вниманието и се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики, посочија избраните членови на меѓународното жири кои деновиве со цел свој капацитет и искуство ги оценуваа кинематограферите на филмовите во конкуренција.

Последна проекција на филмското платно во Битола ќе биде францускиот филм „Титаниум“, познатиот трилер – хорор филм на режисерката Jулија Дукурнaу и кинематограферот Рубен Импенс, најшокантниот филм за 2021 година и годинешен освојувач на престижната Златна палма во Кан.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска