Во Битола продолжи снимањето на филмскиот серијал „Тврдокорни“

Од:

Екипа на Македонската телевизија предводена од режисерот Миле Гроздановски денеска во Битола почна со снимање на нови епизоди од документарната серија „Тврдокорни“.

Првата од десетта епизоди колку што ќе се снимаат во Битола е посветена на македонскиот револуционер Петар Чаулев кој како што е познато загинал во атентат извршен во Италија, посочи режисерот Гроздановски на денешната прес конференција во овој град.

– Објектот во кој што снимаме е кафеана во градот Милано од 1924 година. Во Битола се снима затоа што е филмски град со прекрасни објекти, затоа што во овој регион има два професионални театри – битолскиот и прилепскиот, со артисти што одговараат на возраста на ликовите од улогите. Епизодата што денес ја снимаме е посветена на нашиот револуционер Петар Чаулев, односно убиството врз Чаулев, а во наредниот период ќе снимаме и за други револуционери, војводи, луѓе што ја дале својата идеја за слободата на Македонија, истакна режисерот Гроздановски.

Според градоначалникот Владимир Талески, за новото продолжение на документарната серија „Тврдокорни“ на располагање се сите потенцијали и можности на проектот „Битола филмски град“.

– Ова е уште една афирмација на нашиот град. Но, воедно, како генерација исполнуваме една обврска да се оддолжиме на историските настани и личности. Обезбедивме максимална поддршка на екипата на Македонската телевизија што ќе снима, како единствена телевизија што во моментов може да направи сложена телевизиска серија. Со „Тврдокорни“ обезбедуваме начин и едукативна форма за да вистината биде достапна до сите генерации, посочи Талески.

Улогата на македонскиот револуционер Петар Чаулев ја игра актерот од прилепскиот народен театар Владимир Ѓорѓиоски, додека улогата на атентаторот Димитар Стефанов ја игра актерот од Битола Никола Пројчевски.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ