Во Битола празнична ликовна изложба „Магијата на Монмартр“

Од:

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, вечер во културниот центар „Магаза“ ќе ги претстави најдобрите ликовни творби од годинешната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски истакна дека со оваа меѓународна ликовна изложба продолжува традицијата, во предвечерието на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Битола да биде приредена празнична изложба „Магијата на Монмартр“.

– Оваа година во ист ден и во ист час ќе отвориме две ликовни изложби на кои ќе бидат претставени најдоби ликовни дела од колонијата што пролетоска се одржа во Битола и Охрид. Првата изложба ќе биде отворена вечер во 20 часот во битолската „Магаза“, а втората во истовреме ќе биде отворена во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов. Со оваа одлука сметавме дека уште повеќе се интернационализираат културните вредности, посочи Хаџи Антоновски.

На изложбата „Магијата на Монмартр“ доминираат ликовни творби со мотиви од старата македонска архитектура и пејзажите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска