Македонско научно друштво-Битола во рамки на програмата на одделението за применети науки и медицина при МНД-Битола, одржа јавна трибина, разговор на тема „Мајчинство, љубов, живот“ на која гостинка беше поетесата Ана Бунтеска, членка на Друштвото на писателите на Македонија.
Последната промоција беше во мај минатата година. Застанав за да видам кај сум. Во моментов пишувам раскази за деца како новост која ми е интересна, а пишувам и колумни. Насекаде ја опевам жената, имам љубов кон животот и се што правам,правам со големи емоции, посочи Бунтеска.
– Кога човек, љубовта ја има во себе, тогаш таа може да го движи напред. Тоа не подразбира само љубов кон партнер, туку и љубов кон пишуваниот збор, љубов кон фотографијата и затоа многу фотографирам. Сакам универзална љубов, љубов кон луѓе проследена со почит…и затоа љубовта ми е секаде застапена и тоа кај мене е сплотено. Човек кој што не знае да и се радува на љубовта, кој не знае да ја ужива, да ја даде и да ја прими, тој човек секогаш ќе наоѓа маани. Во трката со времето не треба да се бара совршен миг, мигот е тука, сега и овде, рече меѓудругото Бунтеска пред аудиториумот во Центарот за култура-Битола.
Ана Бунтеска е автор на книгите поезија „Стави лајк на сопствениот живот“, „Колку е потребно за среќа“ и „Да му се насмееш на животот“.