ВМРО-ДПМНЕ го повика Алаѓозовски да почне со реализација на ветеното

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ во кое партијата обвини за негрижа кон културното наследство во изминатите 11 години и го повика министерот за култура Роберт Алаѓозовски да почне со работа и реализирање на ветеното наместо, како што пишува во реакцијата, напразно да зборува, да се расшетува по институции и да бара мани за да критикува што не било направено.

– СДС е единствена партија во Европа која јавно кажа дека ќе руши споменици кои секаде се дел од културното наследство. Лицемерно е кога СДС зборува за идентитетот и националните и државните интереси, кога граѓаните знаат дека СДС не презел ниту еден чекор во нивно зачувување, туку во континуитет од минатото до денес само ги распродава за власт дадена на одреден период, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата на партијата се наведува и дека нивната Влада направила најмногу за културата во Република Македонија од независноста до денес – од инвестиции во нови културни проекти и објекти до конзервации на културно-историски добра.

– Тоа е факт кој Алаѓозоски не може да го негира, затоа наместо да глуми опозиција треба да се фати со работа продолжувајќи го успешниот тренд на развојот на културата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов