Виртуелно доживување за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби

Од:

Првпат во земјава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото. На социјалните медиуми веќе се најавува уникатна можност за посетителите на археолошкиот локалитет Стоби да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од н.е.

Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство“ со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби преку обезбедување нови искуства на локалитетот.

-Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика, соопшти Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

Апликацијата за виртуелна реалност ќе им овозможи на посетителите на Стоби да добијат предно седиште во 3Д реконструираниот театар и на тој начин да ја доживеат гладијаторската борба како дел од публиката во гледалиштето. Целото искуство ќе биде збогатено со автентичната атмосфера карактеристична за еден ваков настан, како и со големината и монументалноста на овој империјален објект.

Проектот е поддржан од Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council) и финансиран од Европската Унија, а го реализираат Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од Скопје и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

Од НУ Стоби информираат дека оваа новина на локалитетот Стоби многу скоро ќе биде достапна за посетителите, а дотогаш сите новости можат да се следат на каналите на социјалните мрежи на локалитетот. Тоа се: Facebook- https://bit.ly/321ISjB Instagram – https://bit.ly/3g3fU7H 

Би можело да ве интересира

Археолозите открија нов мозаик во Теодосијанската палата во Стоби, локалитетот го посети министерката Костадиновска-Стојчевска

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска