Виолончелистот Менезес вечер на „Охридско лето“

Од:

Сцената во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид вечерва резервирана за уште едно големо име во класичната музика, со концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес во придружба на украинката Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација.

Најавувајќи го концертот на Менезес, селекторката на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска потсети дека неколкуте изминати фестивалски изданија ги донесоа во црквата „Света Софија“ најелитните челисти на денешницата.

– Во фестивалската историја се запишаа имињата на Александар Рудин, Наталија Гутман, Давид Герингас, Миша Мајски, Моника Лесковар, Ксенија Јанковиќ. Минатогодишното фестивалско издание беше затворено со настапот на изворедниот Енрико Диндо, кој зад себе остави концерт за паметење. Оттука се потешко станува да се најде челист кој што ќе остави уште поголем уметнички впечаток од неговиот претходник. Но потрагата по најдобрите, најуспешните преставува основна определба и голем предизвик и токму затоа  ми преставува голема чест што оваа година фестивалската публика ќе има можност да ужива во изведбите на еден од најбараните изведувачи на виолончело на денешницата, Антонио Менезес, рече таа.

Антонио Менезес е роден во Бразил, во семејство на музичари. Студиите по виолончело ги започнува на 10 годишна возраст. Првата награда ја освои на АРД Интернатионал Цомпетитион во Минхен во 1977 година, а ги освои првата награда и златниот медал на натпреварот „Чајковски“ во Москва во 1982 година. Од тогаш тој има славна меѓунардна кариера.

Настапувајќи редовно во големите музички центри низ Европа, Америка и Азија, Менезес има изведувано со повеќето водечки оркестри во светот, меѓу кои и Берлинската филхармонија, Лондонската симфонија, Концертгебау, Њујоршката филхармонија, Израелската филхармонија и НХК Симфонијата од Токио, соработувајќи со еминентни диригенти како Фон Карајан, Абадо, Ростропович, Мути, Јарви (Нееме) и Андре Превин, Мстислав, Јуриј Темирканов, Владимир Спиваков, Нееме и Џонсонс.

Како посветен камерен музичар, Антонио Менезес беше член на легендарното „Беауџ Артс Трио“ помеѓу 1998 и 2008 година. Исто така, тој соработуваше со квартетот „Вермеер“ на турнеи, а имаше и рецитали со истакнати пијанисти како Менахем Преслер, Жерар Вис и Марија Жоао Пирес.

Меѓу значајните снимки се двата компакт дискови со Берлинската филхармонија и Херберт фон Карајан (Штраус: Дон Кихот и Двојното Кочерто на Брамс со Ане-Софи Мутер), и комплетниот циклус на Бетовен со Менахем Преслер. Менезес држи мастер класи по виолончело низ Европа, Америка и Јапонија, а исто така предава на Конзерваториумот во Берн.

За Олга Задо вреди да се нагласи дека е победник на меѓународните натпревари „Владимир Хоровиц“ и „Сергеј Прокофјев“,како и освоената специјална награда „Тереза-Дусот“ на меѓународниот натпревар „Владимир Крајнев“.

Олга Задо веќе настапува со оркестри, во соло рецитали, како и со меѓународно признати уметници, како што е виолончелистот Антонио Менезес, во големи концертни сали и места низ Европа.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Шуман, Брамс, Франк, а почетокот на концертот е во стандардниот термин од 21 часот.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ