ВИДЕО: Театар Пи со театарски перформанс „Подигни ме“

Од:

„Подигни ме“ е плод на лични преживувања на Овашенко како рекламен агент во голема рекламна агенција и од блиску го познава тој модерен начин на живот. Ја открива по интересен начин виртуелната реалност, која се обидува да го замени личниот живот, вкусовите и желбите на луѓето. Шест млади, успешни , силни и убави жени кои ги играат -Анета Илкачева, Викторија Коцева, Елена Чаракчиева, Верче Спасова, Маја Ужевска, Мартина Ристевска, ја водат својата битка за успех во општеството и разбивање на табу . Режијата е на Македонка Илиевска и Златко Митрески . Гледачите стануваат сведоци на нивните најинтимни преживувања, конфликтот на личноста и наложените опшстествени правила за успех, реализација и нормативи за среќа. Претставата ќе се одржи во Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш денес од 20 часот во рамките на Нов културен бран 2018.

„Подигни ме“ не ја буквализира фактологијата и не се бави со булевардноста на случката, не бара евтина сензација, а ги бара корените и мотивацијата во ткивото на самата цивилизација, во моделите на размислување, натпревар и поделба кои што таа ја наложува; претставата ги истражува причините и меѓучовечките односи. Во таа смисла овој текст е филозофски, отворен, чесен, брутален но и многу комично интересен. Игрово и забавно проникнување во природата на женските односи кон конзумеризмот, капитализмот и деструкцијата на современиот живот . Тоа е и социјалната метафора и критика на нео-либералниот капитализам во кој живееме по дарвинискиот принцип “јади за да не бидеш изеден”.

Режија- Македонка Илиевска и Златко Митрески. Видео мапинг-Златко Митрески
Асистент- Катерина Диманова, Фото- Давид Коцев.
Техника-Велин Ѓеоргиев, Шминка – beauty house.

Претставата е во копродукција меѓу „Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи“ и Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен настан на Театар Пи и Арт Бригада: Да го оствариме сонот на Дино

Ана Ололовска

„Изеди ме“ е брутално театарско дело за канибализам.

Ана Ололовска

Театар Пи на Златко Митрески и Македонка Илиевска со нова театарска престава „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Mултимедијален настан на Театар Пи – „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Театар Пи на фестивалот ДАФ 2022 во Кочани

Ана Ололовска

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост

Ана Ололовска