ВИДЕО: „Мојата порта“ – краток филм на децата од основните училишта во Општина Центар

Од:

Вчера, 12 декември, во Кинотека на Македонија беше премиерата на кусиот аматерски филм „Мојата порта“, производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Центар.

Работилниците се реализираа во организација на Општина Центар и Киненова, а под менторство на режисерката Марија Џиџева. Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување.

По проекцијата на „Мојата порта“, беше одржана трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување.

На трибината, организирана од Киненова и УНИЦЕФ, публиката можеше да ги слушне мислењата, но и да дебатира со говорниците Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во РМ, Јана Белчева Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар, Марија Ралева, психијатар и Радмила Живановиќ, психолог.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ