ВИДЕО: Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

Од:

Во индустриската палата, изложбениот простор каде што се одржува Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор, денеска ќе биде официјално отворен павилјонот на Република Северна Македонија кој е насловен „Оваа зграда зборува (на)вистина“.

Автор на павилјонот е Филип Јовановски, кураторка е Ивана Васева, а комесар е Фросина Зафировска, директорка на Музеј на град Скопје, институција носител на проектот.

Павилјонот се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони“ и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео насловено „Кино Култура“ кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

Отворањето ќе биде одбележано со настап на актерката Кристина Леловац во рамки на просторната инсталација, а потоа ќе следува промоција на публикацијата со настап на Телемама.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска