ВИДЕО: Кавгата на црвениот тепих поради новинарско прашање

Од:

Директорката на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Лабина Митевска и режисерот Столе Попов, на црвениот тепих во Битола, а пред да се појави француската актерка, оскаровката, Жулиет Бинош, се расправале поради новинарско прашање.

Столе Попов дошол нервозен на црвениот тепих и прашал кои се овие новинари? Тој бил испровоциран од прашање на новинарка која го прашала кога мисли да им ги врати парите на битолчани кои продукцијата ги должи за снимањето на филмот „До Балчак“?

Јас сум режисер, што има мене да ми бараат пари, објаснувал Попов, на што Лабина Митевска одгoворила дека не може да им кажува на новинарите што да прашуваат.

Вечерва пред премиерата на „До Балчак“ на Столе Попов, најавени се и протести на битолчани на кои не им се исплатени пари за изнајмувањето на нивните дуќани но и поради други неисплатени трошоци.

Снимањето на филмот „До Балчак, приказни од дивиот исток“, по сценарио на Горан Стефановски, започна во 2012 година, но траеше повеќе од предвиденото и продолжи со снимање уште седум недели, а продукцијата „Триангл“ го надмина буџетот. Тоа е причина што дел од екипата и другите соработници ја тужеа за неисплатени обврски.

„До балчак“ во моментов важи за најскап филм во македонската кинематографија со буџет од 3,6 милиони евра. Владата ја финансираше продукцијата со 2,5 милиони евра како филм од национален интерес, а Филмски фонд му ја додели максималната сума од 500 илјади евра.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски