(ВИДЕО) Атиџе од Медена земја ја сними својата прва студиска песна

Од:

Кинематографот Самир Љума преку Твитер соопшти дека Атиџе Муратова, ѕвездата на „Медена земја“ ја снимила својата прва студиска песна „Покрај река Брегалница“.

По Оскарите, таа изјави дека пеењето го сака повеќе отколку снимањето филмови.

„Чекор по чекор јас чекорам, покрај река Брегалница, срце стегам мајко, болки кријам, тебе мила мајко не кажувам“, е дел од текстот на песната на Атиџе.

На Атиџе, по враќањето од Оскарите ѝ беше ветено дека ќе може да сними две песни во професионално музичко студио.

Медена земја е првиот македонски документарен филм кој беше номиниран за Оскар и постигна светски успех.

Би можело да ве интересира

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош

Ана Ололовска

Атиџе бара мир, а не пари: И куќава нека ја продадат, сите мене ме напаѓаат, никој не ги решава проблемите

Кристијан Ландов

„Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика

Ана Ололовска

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

Ана Ололовска

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Ана Ололовска

Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите

Ана Ололовска