(ВИДЕО) Атиџе: Не сакам да глумам, сакам да пеам

Од:

Хероината на документарниот филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар документарец и најдобар интернационален филм, на денешната прес-конференција реализирана со видео приклучување на екипата од Холивуд, порача дека ова искуство е незаборавно, а таа понатаму не би сакала повторно да снима филм, но би сакала да пее.

„Од Лос Анџелес најмногу ми се допадна тоа што има океан. Најмногу ја сакам природата и едвај чекам да се вратам кај моите пчели, дома. Никаде на светот нема таков мед како во Македонија. Инаку, не сакам да глумам, но сакам да продолжам да пеам“, рече Атиџе Муратова, главната протагонистка на филмот.

Таа, утре патува назад кон Македонија и рече дека сака да се одмори од јавноста и не сака повеќе да дава интервјуа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Атиџе од Медена земја ја сними својата прва студиска песна

Искра Манојлоска

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Ана Ололовска

Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите

Ана Ололовска

Спасовски: Пари за „Медена земја“ има

Ана Ололовска

Град Скопје ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со 600 илјади денари

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љума: Хоакин Феникс, Тод Филипс и кинематограферот на Скорсезе ни даваа најголема поддршка

Ана Василевска