ВИДЕО: Астер портрет за лауреатите Џундева и Геретс

Од:

Со Астер портрет и тивериополски филмски беседи за лауреатите, актерката Љупка Џундева и режисерот Борис Геретс, кои  ќе се одржат во манастирот „Света Богородица Елеуса“ во Вељуса, денеска продолжува интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица.

asterfest-otvaranje-2014 (1)

На синоќешното свечено отворање на фестивалот, Џундева доби специјално признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност, а Геретс, наградата Астер за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм.

asterfest-otvaranje-2014 (2)

„Астерфест“ е фестивал со кој сите во Струмица се гордееме, затоа што, не само што има меѓународно значење и не само што е важен за Република Македонија, туку си е наш, струмички, рече во изјавата за медиумите, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

asterfest-otvaranje-2014 (3)

-Еве, заедно со вас, претставниците на медиумите, дојдовме до десетгодишниот јубилеј на една значајна културна, интернационална манифестација на нашата Струмица, а тоа е „Астерфест“. Десет години, пред се ентузијастите, филмофилите, на чело со Горан Тренчовски, секако и ние поддржувачите, општина Струмица, министерството за култура и неколку приватни фирми од нашиот град, допринесоа денеска, сите да се гордееме со ова десетгодишно опстојување на овој значаен филмски фестивал, кој не само што има меѓународно значење, не само што е важен и за Република Македонија, туку си е наш, струмички, со кој секако сите се гордееме.

asterfest-otvaranje-2014 (5)

– Се надевам дека овие десет години ќе овозможат црпење на целото искуство за унапредување на фестивалот и во следните десет години во кои ќе продефилираат уште многу значајни актери од целиот свет, како што беше и досега, изјави градоначалникот Заев.

На втората филмска вечер, на програмата се проекции на играни филмови и австриски анимирани филмови.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“