Весникот „Илинден” достапен во Националните библиотеки на Македонија и Албанија

Од:

Весникот „Илинден“ единствен печатен медиум на македонски јазик во Албанија, веќе е достапен и во националните библиотеки во Скопје и во Тирана.

– Сите броеви на весникот веќе се наоѓаат и во Национална библиотека во Тирана, Националната и универзитетска библиотека (НУБ) “Св. Климент Охридски” во Скопје и Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп. Тоа за нас како редакција е многу битно, бидејќи станува збор за значајни институции кои ги посетуваат многу посетители а имаат и редовни членови, вели главниот и одговорен уредник Никола Ѓурѓај.

Весникот, додава Ѓурѓај, кој за првпат беше испечатен како двоброј во март 2011 година, излегува еднаш на два месеци, а веќе една година има и електронско изадание и е достапен на интернет преку порталот www.vesnik-ilinden.com.

– Тој e глас за животот, културните и верските обичаи на македонското национално малцинство во Албанија. Македонците во Албанија се информираат преку печатената верзија, што се дистрибуира во областите во Албанија, населени со етнички Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее македонско население како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта, Кукс, нагласува Ѓурѓај.

Електронското издание е побогато има секојдневно информации за настани поврзани со Македонците во Албанија, за настани во Албанија и во Македнија, како и за Македонците на Блаканот, во Европа и во светот.

Ѓурѓај посочува дека со сериозниот пристап,објективната и навремена информација весникот има се поголем број читатели не само во Албанија, туку насекаде каде што живеат Македонци.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска