Велешкиот театар со новогодишна претстава за деца ја завршува сезоната 2018

Од:

На големата сцена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, денеска ќе биде изведена новогодишната претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ во адаптација и режија на Ненад Витанов. Ова е последна претстава од репертоарот на театарот за годинашната сезона.

Ова е театарска претстава наменета за деца на возраст од четири до 12 години која театарот ја реализира од сопствени средства.Таа веќе имаше неколку изведби на репертоарот на театарот со организирана посета на деца од градинките и основните училишта во Велес.

Во претставата настапуваат актерите Талија Настова како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски во улогата на Тео Текнувало и на Дедо Мраз, Жарко Спасовски како Принцот Мраско, а во улогата на раскажувач се појавува режисерот Ненад Витанов.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски