Од денеска до 19. октомври Велес ќе биде повторно национална стрип метропола, овојпат преку Интернационалниот стрип салон којшто секоја година се организира во овој град . Најреномираната стрип манифестација кај нас традицинално го организира Стрип центар на Македонија со седиште – Велес.
Овојпат овој салон е во тесна корелација со проектот наречен „Ново балканско пријателство“ финансиран од страна на фондацијата „Принц Клаус“, го обезбедува учеството на стрип автори од балканските земји коишто не се членови на Европска Унија.
Цели на проектот се: зајакнување на стрип културата во балканските земји ,потоа создавање и развој на мрежа на стрип автори и здруженија од балканските земји ,како и да се обезбедат подобри можности за стрип актери и организации во балканските земји.
Во овој проект вклучени се Босна и Херцеговина, Црна Гора ,Србија,Албанија,Турција, Косово и Македонија.
Целите на овој проект ќе се реализираат преку следниве активности:
Сите учесници од овој проект испратиле свои стрипови со ориентациона тема „Позитивни јунаци“.
Истите тие дела заедно со промоција на авторите ќе се објават во специјален број на ревијата “Стрип креатор како и преку веб сајт www.comicscenter.mk
Интернационалниот стрип салон во Велес ќе го отвори Елизабета Канчевска Милевска-министерка за култура.
Меѓу другото на специјалниот гостин на салонот г.Ервин Рустемагиќ ќе му се додели специјално признание за развој на светскиот стрип ,а на Стрип книжарницата „БУНКЕР“ ќе и се додели Годишното признание за развој и афирмација на Македонскиот стрип наречено според прерано починатиот Љупчо Филипов.Следниот ден, во сабота на 18. октомври. Ервин Рустемагиќ ќе одржи предавање на тема „Како да се продаде стрипот“ а после него доцент доктор Бошко Караџов од Велес ќе има излагање од областа на стрип теоријата. Истиот ден како и во недела ќе остане време за промоции на стрип сцените од сите земји учеснички.Нема да изостане ни посебен состанок за вмрежување на стрип организациите од земjите учеснички од овој проект,заеднички настап пред донатори и други теми, како и неформалните и конкретни меѓусебни контакти
Како кофинансиер во овој проект се јавуваат Министерството за култура на Република Македонија и Општина Велес.