Веле Смилевски добитник на рускиот орден „Сергеј Есенин” за поезија

Од:

Веле Смилевски е добитник на орденот „Сергеј Есенин” што го доделува Московската организација на Сојузот на писателите на Русија.

Ова признание македонскиот поет го доби, како што се вели во одлуката, „за творечкиот прилог во развивањето на словенските литератури и култури”, а по повод стихозбирката „Забранета книга”, објавена на руски јазик во издание на издавачката куќа “У Никитих ворот” од Москва.

Стихозбирката „Забранета книга” на руски се појави минатата година во препев на Олга Панкина, а со предговор на академик Ала Шешкен.

Одлуката за доделување на орденот „Сергеј Есенин” на Веле Смилевски, Московската организација на Сојузот на писателите на Русија ја донесе на 4 март оваа година, на предлог на издавачката куќа „У Никитих ворот”.

Во предговорот на руското издание на „Забранета книга” академик Ала Шешкен, професор на Универзитетот „Ломоносов” во Москва, меѓу другото пишува: „Преокупациите во поезијата на Веле Смилевски се преточуваат во интелектуален пев, кој претставува интензивен и континуиран внатрешен монолог со дела од светската литература. Поетскиот збор во ова книга е јасен и едноставен, но и таинствен, слоевит и повеќезначен, со богат спектар на емоции.”

На јубилејните, 50-ти Струшки вечери на поезијата, за стихозбирката „Забранета книга” Веле Смилевски ја доби наградата „Браќа Миладиновци” за најдобра книга од македонски автор.

Би можело да ве интересира

Министерот Исмаили учествува на меѓународен културен форум во Санкт Петербург

Ана Ололовска

Промоција на бугарското издание на „Нишан“ во Софија

Ана Ололовска

Во Прилеп промовирана „Утро во Франкфурт“ на Мирјана Стојановска

Ана Ололовска

Две нови илустрирани книги за деца од Весна Костантинова

Ана Ололовска

Две децении издавачка куќа „Три“- специјална едиција со 20 наслови

Ана Ололовска

Бад Ишл – Европска престолнина на културата за 2024 година

Ана Ололовска

Leave a Comment

one × five =