Вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Од:

Со прогласување на најдобрите учесници на фестивалот и со концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ кој ќе се одржи во археолошкиот локалитет Хераклеа, вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Натпреварувачкиот дел од програмата заврши синоќа со вечер на староградска музика и игра на која настапија членовите на КУД „Васил Хаџиманов“ од Кавадарци, „Распеани штипјани“, „Распеани велешани“, „Распеани гевгеличани“, пејачката група „Сирма Војвода“-Битола, ВИС „Орнаменти“ од Штип, староградските групи „Пензионер“ и „Прилеп“ од Прилеп и КУД „Илинден“ од Битола.

– Оваа година во Битола учествуваа многу нови групи што го негуваат изворниот фолклор и тоа го сметам за главно годинешно обележје на фестивалот. Карактеристиката на овој наш фестивал е секогаш да се претставува изворниот фолклор, автентичен фолклор, да се презентираат обичаи, обреди, пеење и користење на народни инструменти. Сите овие елементи ги видовме на фестивалот. Регистриравме прекрасни носии и регистриравме хармонично пеење со инструментална поддршка. Јас лично среќна сум што на сцена се почесто освен играње застапено е и традиционалното пеење, посебно изворни песни. На свеченото затворање сепак ќе бидат наградени најдобрите, изјави за МИА, проф. д-р Родна Величковска, претседател на стручното жири.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ чиј домаќин и организатор е НУ Центар за култура-Битола, се одржува под покровителство на Собрание на Република Северна Македонија и со поддршка на Министерство за култура и Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Ансамбли од Мексико, Ирска, Италија и Хрватска на „Илиденски денови“ во Битола

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска