„Вечер на осоговски песни 2018″ во Крива Паланка

Од:

На Градскиот плоштад „Карпошово востание” во Крива Паланка вечер ќе се одржи четвртата „Вечер на осоговски песни 2018″.

Настанот е во организација на Национална установа Центар за култура – Крива Паланка од каде најавија несекојдневна вечер со старогратските песни од Осоговието.

– На оваа четврта вечер на Осоговски песни која ги промовира староградските песни ќе настапат групата за староградски песни „Делчевски еснафи“, женската пејачка група „Ѓурѓа“, Делчево, ансамблот за староградска песна „Распеани Паланчани“, Крива Паланка, пејачката група „Сирма војвода“ при здружението на пензионери од Битола и градскиот хор-Штип, истакна Вања Јакимовска, директор на НУЦК, Крива Паланка.

На 11 јули Центарот за култура организира и проекција на филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорги Ставревски, а настаните се поддржани до Министерство за кулутра како дел од годишната програма на НУЦК.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“