Вечер на изведувачка поезија и музичко-сценски перформанс на Јухо Кууси

Од:

„Вечер на изведувачка поезија и музичко-сценски перформанс на Јухо Кууси (Финска)“ ќе се одржи вечер во организација на Културно-социјален простор Центар-Јадро.

Како што соопштија организаторите, настанот е еден од финалните продукти на едномесечниот резиденцијален престој на слем-поетот и социјалниот едукатор од Финска, Јухо Кууси.

Во рамките на резиденцијалниот престој кој се реализира во периодот од 20 ноември до 13 декември годинава, финскиот поет и гостин на КСП Центар-Јадро во Скопје одржа серија на работилници за слем-поезија и изведувачка поезија со македонски поетеси и поети. Меѓу нив учествуваа Елена Пренџова, Сандра Авросиевска, Дамијан Каранфилов Гулев, Даница Ивановска Лепојевиќ, Цветанка Колева, Тања Кузманоска, Игор Поп-Трајков и Светлана Купенкова. Тие ќе настапат на вечерта на изведувачка поезија со нивните нови дела создадени во рамки на работилниците.

По настапот на македонските поетеси и поети, гостинот од Финска Јухо Кууси, ќе има музичко-поетски перформанс, на кој ќе настапи со комбинација на неговата авторска поезија и музика.

– Јухо Кууси е двократен победник на Финска во слем-поезија, со над десет-годишно изведувачко искуство во Финска и интернационално. Неговите песни се објавувани во книжевни списанија и антологии, а својата дебитанска книга поезија ќе ја издаде во 2020 година. Кууси предава уметност на изведување поезија на млади и возрасни во образовни институции од различни степени во Финска, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска