Успешен концерт на сопранистката Милена Арсовска во Чешка

Од:

Македонската сопранистка Милена Арсовска, која како слободен уметник живее во Виена, синоќа во историската сала на Конзерваториумот Јан Дејл во Прага имаше успешен настап во придружба на пијано, виолина и виолончело.

На концертот со наслов ,,Кога европскиот валцер ќе се состане со аргентинското танго”, беа изведени дела од Штраус, Пиацола, Де Фала, Лехар и Зихрер, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

– Тука сум на покана на Бледар Зајми, виолончелист во Чешката национална опера (ЧНО). Моето гостување е поврзано и со мојот следен проект во ЧНО каде неодамна бев избрана на аудицијата за насловната улога во операта ,,Славеј” од рускиот композитор Игор Стравински, изјави певицата Арсовска, која од наесен ќе настапува во оперската куќа со светско реноме.

Настапот и реализацијата на концертот на Арсовска е поддржан од македонската Амбасада во Прага и е дел од многубројните културни настани и активности кои во Република Македонија и Чешка се оддржуваат по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Арсовска, која има завршено магистерски студии по оперско пеење во Виена дебитирала на 17 години на сцената на Македонската опера и балет. Покрај во Македонија и Австрија, има настапувано и во Шпанија, Италија, САД, Јапонија.

Бледар Зајми, пак, кој ја покани Арсовска во Прага, е роден во Тирана. Дипломирал и магистрирал во чешката метропола, каде и работи и е добро познат и на македонската публика пред која има повеќепати настапувано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски