Уште три изведби на мјузиклот „Тајно моја“ во МОБ

Од:

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески денеска, утре и задутре повторно ќе биде на репертоарот на Македонската опера и балет поради голем интерес од публиката. Изведбите се закажани за 20 часот.

Во претставите вечер и на 21 април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а утре Гиговска ќе настапи со Денис Димовски.

Во останатите улоги се: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски, Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски, Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, и Калеша Џангаловска Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, а диригент е Иван Еминовиќ.

МОБ информира дека билетите за овие претстави се пуштени во продажба по цена од 600 денари на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ и во сите продавници на Нептун низ Македонија, како и електронски на mob.com.mk и karti.com.mk.

Би можело да ве интересира

Мјузиклот „Емилија Перез“ освои седум награди Цезар

А1он

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов