Уште една изведба на романтичниот балет во два чина „Жизел“ на 7 декември

Од:

Националната опера и балет најави уште една изведба на романтичниот балет во два чина „Жизел“ на 7 декември 2021, со почеток во 20.00 часот.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Васил Чичиашвили (Грузија), Игор Веланоски, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Како што информира Националната опера и балет, настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Би можело да ве интересира

„VIVA L’OPERA!“ вечер во НОБ по повод празникот Василица

Ана Ололовска

Традиционален концерт за празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари во НОБ

Ана Ололовска

Во Крива Паланка изведена камерната опера „Бастиен и Бастиена”

Ана Ололовска

„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“

Концерт на Благој Нацоски – „Од Скопје до Неапол“

Ана Ололовска