Уште две недели остануваат до крајот на конкурсот за постер на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ, соопштија денеска од Младинскиот културен центар (МКЦ).
Како што наведуваат организаторите, околу дизајнот учесниците имаат голема слобода на изразување.
Сите испратени дизајни ќе бидат изложени за време на 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ закажано за 26 и 27 август 2021 во МКЦ.
-Вашите предлози испратете ги на [email protected] со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021, соопштија од МКЦ.