Во организација на Друштвото на писатели на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“.
Според ДПМ, на форумот писателите ќе имаат можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини за нивно надминување.
Модератор на трибината ќе биде Христо Петрески, а воведни искажувања ќе имаат Гоце Ристовски и Ана Мартиноска.
Трибината ќе се одржи во просториите на ДПМ и е од отворен карактер, а во неа ќе можат да се вклучат сите заинтересирани.