„Актуелните аспекти на литературата за деца“ е насловот на трибината што ќе се одржи денеска во Друштвото на писателите на Македонија.
Воведни излагања на трибината ќе имаат Атанас Николовски, Јелица Николовска, Стојан Тарапуза и Трајче Кацаров, а во работата на овој собир ќе учествуваат и наставници по македонски јазик, претставници на издавачките куќи и списанија, писатели за деца и читатели.
Трибината се одржува во рамките на кампањата на Друштвото на писателите на Македонија за поддршка на литературата за деца за која интересот е се помал. ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има се помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област.